Во Индијана и
делови на Кентаки гласачките места ќе затворат во шест часот попладне ,
додека Вирџинија и Флорида ќе ги затворат своите еден час подоцна.
Барак Обама води пред Џон Мекејн според национални истражувања на јавно мислење, дури и во некои држави кои историски гласаат за републиканци.
Но Мекејн и натаму се надева дека ќе победи и покрај сегашните цифри. Тој денес има собир во Колорадо , држава која гласаше за американскиот претседател Џорџ Буш во 2004, но каде во моментов подобро стои Обама.
Кандидатите гласаа во своите држави, Обама во Илиноис и Мекејн во Аризона, порано денеска, И двајцата планираат забави за изборната ноќ.
Републиканскиот
потпретседателски кандидат Сара
Пејлин гласаше во државата Аљаска, каде таа е гувернер. На новинарите не
им кажа за кого гласала повикувајќи се
важноста на правото на приватност. Демократскиот потпретседателски кандидат Џо Бајден гласаше во неговата држава Делавер заедно со
неговата стара мајка.