Линкови за пристапност

Четири дена до изборите – двајцата кандидати оптимисти



Сенаторот Мекејн минува втор ден по ред во Охајо, каде на насобраните им кажа дека неговата кампања се враќа на голема врата. Истражувањата на јавно мислење покажуваат дека сенаторот Обама води во Охајо и други клучни сојузни држави. Ниеден Републиканец не победил на претседателски избори без да го освои Охајо. Сенаторот од Аризона тврди дека Обама ќе ги зголеми даноците и лошата економија ќе ја направи уште полоша.

Но, во Ајова, Обама го обвини ривалот за деструктивна тактика во политиката со цел да биде избран. Сенаторот од Илиноис исто така го обвини Мекејн што нуди „истрошена“ економска политика што ја практикувал непопуларниот актуелен претседател, Републиканецот Џорџ Буш.

Обама исто така води кампања и во Индијана. Последните анкети покажуваат многу тесна трка во таа држава, што до сега вообичаено беше републиканска. Поддршката во Ајова се менуваше во корист на двете партии, но последните истражувања на јавно мислење покажуваат дека Обама во овој момент има значително водство.

XS
SM
MD
LG