Линкови за пристапност

Претседателските кандидати во тесна трка на национално ниво


Демократскиот претседателски кандидат Барак Обама и републиканскиот Џон Мекејн разменуваат остри критики на нивната кампања во критични држави на шест дена пред изборите.


Денес во Северна Каролина Обама кажа дека на државата и треба промена и дека не може да си дозволи уште четири години на политика како во изминатите осум, алудирајќи на непопуларниот претседател Џорџ Буш.

Од негова страна, Мекејн на поддржувачите во Флорида им кажа дека економските предлози на Обама ќе ги зголемат даноците и дека натамошно ќе и наштети на економијата. Сенаторот од Аризона кажа дека има план да ги намали даноците и да создаде работни места во САД.

Обама во ударен вечерен термин во среда ќе има половина час платена рекламна програма на телевизијата. Мекејн ќе биде гостин на популарното шоу на СиЕнЕн телевизијата „Лари Кинг Лајв“.

Компилираните резултати од Реал Политикс точка ком покажуваат дека според националните анкети Обама води пред Мекејн за нешто под шест проценти.

XS
SM
MD
LG