Линкови за пристапност

Рак на дојка кај мажи


Октомври е месец на борба против ракот во САД.

За ракот на дојка вообичаено се мисли дека е женска болест, но не е ретка оваа болест и кај мажи.

Арналдо Силва не бил загрижен за малата грутка што ја напипал на градите. Дури и неговиот лекар му рекол дека е „масно ткиво“.

Но тоа „масно ткиво “ растело. Силва побарал мислење од друг лекар. Биопсијата покажала дека тој имал рак на дојка:"Рак на дојка кај маж?“ – тој бил шокиран. „Мажите немаат дојки“, така размислувал.

Но мажите имаат ткиво на дојки, вели хирургот Шарон Росенбаум Смит: "Сите мажи имаат такво ткиво и кај сите има можност да се развие рак на дојка", вели таа.

Кај мажите ризикот е помал, заради што многу мажи претпоставуваат дека не може да добијат и нивниот рак, според Националниот институт за канцерогени заболувања, често се открива во подоцнежна фаза.

Друга причина за забавената реакција кај мажите е - чувството на срам. Откако ќе доживеете доволно пати луѓето да реагираат запрепастено, се откажувате, вели Силва.

Но, незборувањето за тоа, е лошо – за пациентот и за неговото семејство.

Силва открил дека е носител на ген што во голема мерка ги зголемува шансите за рак на дојка. И кажал на неговата 32-годишна ќерка, Ванеса. Таа отишла на снимање, и кај неа е откриен рак на дојка.

Со неколку денови разлика, и таткото и ќерката се оперирани. Започнале со хемотерапија заедно.

Си давале поддршка еден на друг.

Тоа било пред една година. Сега обајцата се ослободени од болеста. Но продолжуваат со снимање – секои три месеци, зашто сакаат така и да остане. Со надминување на стигмата и публикувањето на својата приказна, Арналдо Силва сега помага да се спасат многу други животи - на мажи.

XS
SM
MD
LG