Официјални лица во јужната сојузна државата Тенеси уапсиле две лица кои наводно планирале заговор да убијат афро-Американци, меѓу кои и демократскиот претсетседателски кандидат Барак Обама. Обајцата се обвинети за поседување огнено оружје, завера за крадење огнено оружје и закани кон претседателски кандидат.
Во објавените судски документи стои дека лицата биле уапсени минатата среда, дека веќе биле вооружени, но и дека планирале да ограбат продавница со оружје.
Официјални лица велат дека уапсените планирале да нападнат средно училиште во кое најголемиот дел ученици се афро-Американци.
Спооред судските документи, тие планирале серија убиства ширум нацијата, чија кулминација би бил атентатот врз Барак Обама.