Линкови за пристапност

Џонс:  Македонија треба да биде во НАТО   


Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Стјуарт Џонс ја заврши дводневната посета на Македонија. За време на престојот во Скопје, Џонс оствари средби со македонскиот претседател Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, како и со водачите на владеачките и опозиционите партии. Се разговарало за билатералните односи меѓу Македонија и САД, регионалната стабилност и процесот на интегрирање на Македонија во евро-атлантските структури.

Во контекст на македонските евро-атлантски интеграции, Стјуарт Џонс нагласи дека очекува Македонија што е можно поскоро да им се приклучи на Албанија и Хрватска како земја-членка на НАТО. Притоа, Џонс го потенцираше ставот на САД дека го поддржуваат процесот за изнаоѓање на решение во спорот со Грција, што се одвива под покровителство на ОН.

- Веруваме дека Макеоднија треба да биде во НАТО. Ја поддржуваме македонската кандидатура за НАТО. За да дојдеме до тоа, САД во целост го поддржуваат процесот во ОН и сметаме дека тој има најдобри шанси да доднесе успех, кажа Џонс на прес-конфренција во Скопје по средбите.

За ставот на македонскиот државен врв во однос на последниот предлог на посредникот на ОН Метју Нимиц за решавањето на спорот со Грција, министерот за надворешни работи на Република Македонија рече дека македонските преговорачи Никола Димитров и Мартин Протуѓер ќе му го пренесат ставот на Нимиц на средбата во Њујорк што ќе се одржи во среда.

- Во моментов би се воздржал од други коментари. Тоа што треба да биде пренесено – ќе биде пренесено на оние кои треба да ја примат македонската позиција, односно господинот Нимиц. Уверен сум дека нашите двајца претставници ќе го направат тоа на најдобар можен начин, рече Антонио Милошоски.

XS
SM
MD
LG