Линкови за пристапност

Во САД опаѓаат потрошувачката доверба, цените на домови


Според нова анкета на приватниот истражувачки центар Конференциски одбор од Њујорк, потрошувачката доверба паднала на најниско ниво откако организацијата започнала да води евиденција во 1967-ма. Ваквиот податок можеби навестува дека Американците ќе трошат се` помалку пари во наредните месеци. На широката потрошувачка отпаѓаат две третини од американската економија.

Цените на домови во САД и натаму паѓаат на рекордно ниски нивоа. Според најново истражување, цените во 20 поглавни американски градови паднале за 17 проценти во август, споредено со истиот месец минатата година. Цените паѓаат петти месец по ред.

Многумина економисти сметаат дека токму падот на пазарот за домување ја предивика глобалната финансиска криза.

XS
SM
MD
LG