Линкови за пристапност

Обама и Мекејн со завршни аргументи на митинзите


Демократскиот претседателски кандидат Барак Обама и неговиот републикански противник Џон Мекејн водат кампања во две густо населени сојузни држави на кои се гледа како на круцијални за победа на изборите на 4-ти ноември.

Обајцата имаат организирано собири во Пенсилванија и во Охајо.

Според истражувањата на јавно мислење во просек, изведен од РеалКлеар Политикс точка ком, демократскиот кандидат е пред сенаторот од Аризоназа повеќе од седум процентни поени.

Блиски соработници на сенаторот Обама велат дека тој ќе ги изнесе, таканаречените завршни аргументи во денешните говори, додека сенаторот Мекејн продолжува со, како што вели неговата кампања, собири наречени „патот кон победа“.

Во меѓувреме, републиканскиот потпретседателски кандидат Сара Пејлин има настан во Вирџинија и нејзиниот демократски колега, Џо Бајден, води кампања во Северна Каролина.

Во неделата, најголемиот весник во Аљаска, го поддржа Обама. Весникот ја критикуваше економската политика на

Мекејн, а за Пејлин, која е гувернер на оваа традиционално републиканска држава, не е подготвена да стане претседател во случај 72-годишниот Мекејн да умре додека е на функција.

Истиот ден Обама привлече повеќе од 100.000 луѓе во Денвер, западната држава Колорадо, каде повторно го поврза Мекејн со политиката на непопуларниот претседател Џорџ Буш.

Во телевизиски настап на емисијата Средба со печатот на Ен-Би-Си, Мекејн рече дека со претседателот Буш споделуваат иста филозофија на Републиканската партија, но подвлече дека се спротивставил на претседателот и на други по некои клучни прашања.

Подоцна, на собири во Ајова и Охајо, тој ги повика симпатизерите да не дозволат претседателската функција да падне во раце на демократите велејќи дека тоа би резултирало со повисоки даноци и зголемени трошоци.

XS
SM
MD
LG