Линкови за пристапност

Напад во Сирија, осум цивили загинати


Сирија ги обвини САД за убиството на осуммина цивили за време на армиска рација на сириска територија, на осум километри од границата со Ирак.

Сириското министерство за надворешни работи ги повика претставниците на САД и Ирак на разговор за наводниот напад од неделата.

Сириски официјални лица велат дека се работи за акт на агресија и нарушување на националниот суверенитет. Владата во Дамаск соопшти дека американската армија ја смета за одговорна за какви било реперкусии.

Американската армија во Ирак соопшти дека нема информации за инцидентот. И американската влада не го потврди нападот ниту пак коментираше по обвиненијата.

Портпаролот на ирачката влада Али ал Дабаг изјави дека нападот бил насочен кон област во Сирија каде бунтовниците договарале напади против Ирак.

Сирија вели дека четири американски хеликоптери учествувале во акцијата од неделата во градот Абу Камал. Сирија вели дека американските војници упаднале во зграда која била во градба и пукале на работнциите.

Абу Камал е во близина на ирачкиот граничен град Ќаим, кој едно време беше главно место за премин на борци и оружје од Сирија во Ирак.

XS
SM
MD
LG