Линкови за пристапност

Предвременото гласање навидум во полза на демократите


Изборни лица во неколку сојузни држави во кои се очекува тесна трка велат дека демократите гласаат во поголем број отколку републиканците.

34 држави дозволуваат гласање со лично присуство пред изборите.

Експертите проценуваат дека 30 проценти од американските гласачи најверојатно ќе го искористат правото на глас пред изборниот ден - 4-ти ноември.

Ширум земјата, Американците веќе го користат правото да гласаат за следниот претседател.

Официјални лица во државите каде е дозволено предвременото гласање јавуваат за рекорден одзив на гласачките места.

Државните и локални податоци покажуаат дека демократите гласаат во голем број во сојузните држави Охајо, Северна Каролина, Ајова, Невада и Ново Мексико.

Во Џорџија, Афро-американците гласаат во поголем број отколку во 2004-та.

Мајкл Мекдоналд е експерт за избори на Универзитетот Џорџ Мејсон во Вирџинија, кој ги следи трендовите на предвременото гласање. Тој вели дека ситуацијата сега е многу поинаква од претходните избори:

- Избирачкото тело кое гласа предвереме навидум повеќе се наклонува кон демократите и афро-Американците.

Во моментов се чини дека од предвременото гласање корист има Обама.

Тоа е значајно, со оглед на фактот дека вообичаено, предвременото гласање беше во корист на републиканците.

Пол Гронки од Центарот за информации за предвремено гласање при Колеџот Рид во Орегон вели дека трендот е без преседан во некои области:

- Годинава работите се различни.

Афро-Американците годинава имаат поголема излезност од 10 проценти, споредено со последните избори. Демократите во Северна Каролина имаат двојно поголема излезност отколку пред четири години.

Во општината Френклин, сојузната држава Охајо, бројките се шокирачки.

Гласале 9.000 демократи, исто толку независни гласачи и само 900 републиканци.

Некои експерти за изборниот процес, вклучувајќи ги Мекдоналд ин Гронке, велат дека на 4-ти ноември се очекува рекорден одзив на афро-Американците.

- Вака голема излезност на американските избори не сме виделе од 1908-ма, со излезниост од 66 проценти. Може да се случи да го надминеме процентот од 64 проценти во 1960-та, вели Мекдоналд.

Политичкиот аналитичар од институтот Американ ентерпрајс Џон Фортиер смета дека е видливо оти демократите имаат предност во предвременото гласање, но предочува да не се прават прерани заклучоци:

- Ситуацијата се должи на организираноста на кампањата на Мекејн и можеби е инидкатор за ентузијазмот на демократска страна.

Сепак, би предупредил сите ваши гласачи да не излезат предвреме, бидејќи некој треба да остане и да гласа и на денот на изборите.

Официјални извештаи од предвременото гласање во Колорадо покажаа изедначеност меѓу републиканците и демократите.

Во Флорида, пак, републиканците имаат предност меѓу гласачиите кои гласале во отсуство по писмен пат, но демократите се побројни во редиците кои лично чекаат да гласаат предвремено на изборните места.

Гласовите нема да бидат избројани се` до 4-ти ноември.

XS
SM
MD
LG