Линкови за пристапност

Белата куќа - предупредува дека претстојат тешки времиња во однос на економијата


Портпаролката на Белата куќа Дејна Перино им укажа на Американците дека економската ситуација во земјата најпрвин ќе се вложи, пред да се подобри. Таа оцени дека шансите за вработување за многумина Американци не се големи, како и дека извештајот за економскиот растеж што ќе биде објавен наредната недела не дава поволна слика. Перино подвлече дека не предидува дека ќе настапи рецесија, но дека можеби ќе биде потребно извесно време пред економијата да почне да создава нови работни места.

Коментарот на Перино уследи по серија на нови извештаи што покажуваат дека економијата и натаму е ранлива.

Во извештајот на Интернет-компанијата за домување „Реалти трек“ стои дека бројот на сопственици кои западнале во опасност да ги загубат домовите минатата година нараснал на 71 процент. Извештајот на Федералната агенција за финансирање на домувањето наоѓа дека цените на домовите продолжиле да паѓаат во месец август, како и дека паднале за речиси шест проценти во текот на минатата година.

Владини лица задолжени за финансиска регулатива велат дека работат на план за помош на сопствениците на домови и запирање на кризата во индустријата на домување. Планот предвидува банките да ги видоизменат кредиите за сопствениците на домови кои имаат проблеми со плаќање на ратите.

Владиниот Оддел за труд денес соопшти дека бројот на Американци кои примаат социјална помош поради невработеност останал во близина на највисокото ниво во последните пет години.

Главниот производител на автомобили Џенерал Моторс најави дека ќе укине некои бенефиции за работниците, во натамошен обид да ги скрати трошоците за 15 проценти, додека конкурентот Крајслер најави дека ќе укине речиси 2.000 работни места.

Во финансискиот сектор, инвестиционата банка Голдман Сач најави дека ќе ја намали работната сила за 10 проценти (околу 3.2000 работни места). Минатиот месец, легендарниот американски инвеститор Ворен Бафет кажа дека е сигурен во иднината на оваа компанија од Волстрит и инвестираше пет милијарди долари во неа

XS
SM
MD
LG