Линкови за пристапност

Мекејн, Обама се борат за гласовите од работничката класа


Републиканскиот претседателsки кандидат Џон Mекејн и неговиот демократски конкурeнт Барак Обама се борат за гласовите на Американците со ниски и средни примања, на 12 дена пред изборите.

Мекејн, кој и натаму заостанува во анкетите на национално ниво, беше на предизборна камапња во сојузната држава Флорида. Тој тврди дека сенаторот Обама ќе ги зголеми даноците за малите бизниси, што, според Мекејн, ќе ги чини Американците работни места. Трката е тесна во Флорида – една од неколкуте сојузни држави, која, според аналитичарите, може да го реши победникот.

Обама на собир во сојузната држава Iндијана истакна дека дека економската политика на Мекејн го претпочита финансискиот центар Волстрит пред обичните Американци. Според анкетите, трката е тесна и во Индијана, kоја претходно важеше за републикансkо упориште.

Во анкетите, Обама во просек води пред Мекејн со нешто повеќе од седум проценти. Аналитичарите сметаат дека тоа се должи на претставата дека подобро би се справил со тековните економски проблеми.

Обама накусо ќе ја напушти кампањата за да ја посети болната баба на Хаваите, 85-годишната Медлин Данхам, која помогнала во подигањето на Обама. Обама за Си-Би-Ес изјави дека не успеал да се прости од мајка си пред да почине во 1995-та и дека не сака да ја повтори грешката.

XS
SM
MD
LG