Според најновите истражувања на јавно мислење, претседателскиот кандидат Барак Обама е пред Џон Мекејн за речиси шест проценти во просек.
Кандидатите продолжуваат да се борат за гласови во сојузни држави што се сметаат за критични за влез во Белата Куќа на 4 ноември.
Мекејн, републикански сенатор, зборуваше за економијата во североисточната држава Пенсилванија, каде заостанува зад Обама во просек од 10 процентни поени. Сенаторот од Аризона го обвини Обама дека зборува едно, а прави друго, само за да добие поддршка.Обама, демократски сенатор, водеше кампања во југоисточната држава Флорида, каде се фокусираше на економската криза, прашање што на неговата кампања и помогна да добие моментум. Обама води пред Мекејн во Флорида со само два процентни поени.
Новообјавени документи покажуваат дека Обама има многу повеќе пари да потроши на кампањата во последните две недели пред Денот на изборите. Податоците велат дека Обама го започнал месецот октомври со близу 134 милиони долари во банка, додека Мекејн имал 47 милиони долари.