Линкови за пристапност

“W”- нов филм на Оливер Стоун


На неколку дена пред американските претседателски избори, излезе филмот на Оливер Стоун, "W", за животот на американскиот претседател Џорџ Буш. Како и претходните филмови на Стоун, "JFK" и "Nixon", и овој е контроверзен заради употребата на имагинација во конструкција на приказната наместо стриктно задржување на фактите, и заради психоанализата на актуелниот претседател.

Филмот започнува со 2003, неколку дена пред американската инвазија на Ирак. Режисерот Оливер Стоун го претставува претседателот Буш како идеалист, но лесноверен човек, заведуван од членови на кабинетот кои се со сопствена агенда.

Претседателот го гледаме како донесува одлуки врз база на инстикт и емоции. Го сака спортот. Би бил добар безбол тренер, но опкружувањето и односите, особено татко му, го туркаат во друга насока.

Приказната за таткото и синот е во срцето на филмот – вели режисерот.

Во потрага по својот пат, W ја наоѓа религијата.

Престанува да пие и решава да се кандидира за јавна функција, зашто верува дека тоа му е мисијата дадена од Бога, но и затоа што сака да се докаже во семејството.


Но како претседател, филмот покажува дека тој не ги слуша оние кои не се согласуваат со него, туку тие што му го хранат егото.

Актерот Џош Бролин го игра претседателот. Џенифер Бенкс е Лора.

Филмот е драма што не се додворува ниту на републиканците ниту на демократите. Претседателот Буш е претставен како трагична фигура, но чии одлуки влијаеле на животите на милиони. На неколклу дена пред изборите – филмот испраќа порака до Американците дека гласањето е сериозна работа.

XS
SM
MD
LG