Претседателот Буш,
денес во Белата Куќа е домаќин на самит чија цел е да ги поттикне нациите да
го одржат ветувањето за борба против сиромаштијата, дури и во време
на глобална финансиска криза.
Државниот секретар
Кондолиза Рајс ја отвори
еднодневната конференција при што кажа дека американската помош последниве
8 години е најголема развојна
програма од Маршаловиот план, со кој
беше обновена Европа по Втората светска
војна.
На конференцијата еден од говорниците е и Моника Маковеи, советник на премиерот на Македонија за анти-корупција.