Линкови за пристапност

Бернанки  претстави нов напор за стимулирање на економијата


Бен Бернанки пред конгресната комисија за буџет рече дека американската економија се соочува со веројатност на долготрајно забавување и кажа дека со насочени мерки тоа делумно може да се амортизира. На распитот во понеделникот тој сугерираше дека овие мерки би имале за цел да го заживеат кредитниот пазар, но не специфицираше како.

Сериозни проблеми на американскиот пазар за домување и застоениот кредитен пазар ја предизвика сегашната глобална финансиска криза.

Портпаролот на Белата куќа, Дена Перино, изјави дека претседателот Буш е приемчив за идејата за нов стимулативен пакет, но неговата поддршка ќе зависи од деталите на било кој план што ќе излезе од Конгресот.

Азиските и европски берзи понеделничкото тргување го завршија со позитивен биланс, најверојано заради охрабреноста на инвеститорите и кредиторите од стимулативните идеи и другите напори за зајакнување на финансискиот систем. Американските берзи главно бележеа пораст на вредноста на акциите.

Клучниот израз на волја на банките меѓусебно да си позајмуваат, како и да даваат кредити на на бизнисите и на потрошувачите, покажа дека пазарот на издавање кредити се стабилизира. Застоениот кредитен пазар ги забави бизнисите и го зголеми стравот дека економијата може да се стесни.

Многу влади презедоа мерки за справување со финансиската криза. Русија на пример, може да ги зголеми ингеренциите на агенцијата која ги осигурува депозитите. Германскиот кабинет дискутираше за деталите за неодамна усвоениот пакет со кој им се даде помош на банките, како и за другите акции кои ќе бидат преземени.

Јужна Кореја ќе гарантира до 100 милијарди долари во странски задолжувања кои се наоѓаат во државните банки, а ќе им префрли на кредиторите по 30 милијарди долари како директни фондови.

Претходно, Холандија кажа дека ќе и помогне на банката ИНГ, една од 20те најголеми банки во светот, со 13 милијарди долари. Во петокот оваа банка објави дека очекува загуба од 670 милиони долари во последниот квартал поради глобалната финансиска криза.

Азиските пазари денес затворија многу повисоко - хонгконшкиот хонгконшкиот Хенг Сенг и клучниот австралиски пазар добија над четири проценти, додека токискиот Никеи – 3,5. Јужнокорејските акции скокнаа за два проценти, забележувајќи добивка прв пат во четири дена.

Најголемите европски пазари добија по околу два проценти во утринската размена.

За нотирање се крупните потези што ги прават Јужна Кореја и Холандија за помагање на банките да опстанат во овие тешки времиња, со гаранции, и директна инфузија на пари.

Инаку, викендов, американскиот претседател европските лидери кои беа во посета се согласија да одржат серија самити со цел реформирање на глобалниот финансиски систем.

XS
SM
MD
LG