Линкови за пристапност

Колин Пауел го поддржа Обама


Во интервју за телевизијата ЕнБиСи, поранешниот американски државен секретар Колин Пауел ја поддржа кандидатурата на Барак Обама за претседател, велејќи дека на Америка и треба „фигура што ќе донесе трансформација".

Пауел кажа дека смета оти Обама има способност да инспирира, и дека го поддржува заради „инклузивната природа" на неговата кампања. Тој рече дека верува оти обајцата кандидати би биле добри претседатели, но дека сенаторот Обама, со негови зборови, ги исполнил стандардите да биде исклучителен претседател кој ќе води со стабилен приод.

Пауел беше командант на американскиот генералштаб под поранешниот претседател Џорџ Херберт Вокер Буш.

Пауел рече дека е разочаран од негативната кампања на сенаторот Џон Мекејн како и од неговиот избор за потпретседател, зашто според него гувернерот на Аљаска, Сара Пејлин, не е подготвена да биде претседател.

Реакцијата на Обама беше дека е почестен од неговата поддршка. Тој води пред Мекејн и ова ќе го зацврсти неговото водство. Неговата кампања објави дека во септември собрала 150 милиони долари, што е далеку над финансиската база на Мекејн.


XS
SM
MD
LG