Линкови за пристапност

Американските и европски берзи бележат остар пад; Бернанки вели дека ќе треба време за опоравок


Глобалните пазари денес забележаа остар пад, откако американската влада јави за разочарувачки податоци во однос на потрошувачката моќ.

Американските берзански индекси беа пониски за четири проценти и погоре при тргувањето кон средината на денот, а европските за 6 и погоре во попладневното тргување. Главните азиски пазари затворија пред да биде објавен извештајот и покажаа мешани резултати.

Владиниот извештај покажува дека финансиската криза наштетила на потрошувачката моќ на која отпаѓаат две третини од американската економија. Одделот за трговија денес соопшти дека продажбата во септември забележала најголем пад во последните три години.

Веста дојде само еден ден откако претседателот Џорџ Буш најави дека владата со 250 милијарди долари ќе купува акции во приватните банки, за да го поттикне давањето кредити во финансискиот сектор, што, за возврат, би ја заживеало економијата. Првиот човек на Федералните резерви Бен Бернанки денес кажа дека ќе биде потребно извесно време да се решат „големите и комплексни“ проблеми со кои се соочува економијата. Секретарот за финансии Хенри Полсон во интервјуата за Еј-Би-Си и Ен-Би-Си изрази увереност дека владиниот план за спас на финанскиот систем на крајот ќе даде резултати.

XS
SM
MD
LG