Линкови за пристапност

Голема интервенција на американската влада во приватните банки


Американската влада купува акции во вредност од 250 милијарди долари во приватни банки и ги зголемува гаранциите за кредити и депозити во овој најнов напор за спасување на финансиската индустрија.

Зборувајќи во Белата Куќа утринава, американскиот претседател Џорџ Буш кажа дека планот ќе ја врати довербата во системот и ќе ги охрабри банките да продолжат да даваат кредити. Економистите велат дека застоениот кредитен пазар се заканува со туркање на глобалната економија во рецесија.

Претседателот Буш вели дека оваа голема интервенција во приватни банки е со цел да го поддржи приватното претприемаштво, а не да го задуши. Американскиот секретар за финансии Хенри Полсон вели дека владата ги презема овие "решителни" акции неволно, но алтернативата – да се остават потрошувачите и бизнисите без финансирање е "неприфатлива."

Соопштението уследи по разговорите за кризата со економските лидери од цел свет. Американскиот план дојде по слични потези од европските влади, кои ветија околу два трилиони долари за спасување на нивните банки.

Американските напори се дел од спасувачкиот план од 700 милијарди долари за спасување на пазарот што Конгресот го одобри порано месецов.

Поголемите азиски и европски пазари значително се подобрија денеска во антиципирање на новата американска економска иницијатива.

Азиските пазари затворија со нагло зголемена вредност втор ден по ред. Јапонскиот индкс Ниекеи, што вчера беше затворен заради празник, поведе на тој пат, искачувајќи се за 14 проценти.


Клучните европски берзи исто така се искачија, за околу четири приценти во раната размена, додека главната руска берза скокна за повеќе од 11 проценти.

XS
SM
MD
LG