Линкови за пристапност

Буш ветува единство за конфронтирање со финансиската криза


Двајцата се сретнаа во време кога пристигнаа првите позитивни вести, по долга низа лоши, од финансиските пазари во светот.

По средбата на клучните министри за финансии во Вашингтон изминатиов викенд, и серија чекори преземени од владите на двете страни на Атлантикот, пазарите започнаа да добиваат замав по серија на тешки загуби.

Од Белата куќа се чини дека дека доаѓа мал знак на олеснување измешан со сфаќањето дека добивката е кревка и пазарите остануваат нестабилни.

Претседателот Буш рече дека ова се тешки времиња за економиите но дека „може да бидеме уверени дека ќе го најдеме патот за излез од овие предизвици“.

Претседателот рече дека Европејците презеле одважни и специфични акции и дека ова не е време за губење.

„Луѓето од цел свет со право се загрижени за глобалната финансиска криза и за тоа како таа криза ќе се одрази на нивните семејства и бизниси.“

Премиерот Силвио Берлускони кажа дека светот никогаш не видел финансиска криза како оваа.

Но и тој имаше оптимистичка нота во обраќањето, велејќи дека е 100-процентно сигурен дека сегашните економски пречки ќе бидат надминати.





XS
SM
MD
LG