Normal
0
false
false
false
EN-US
X-NONE
X-NONE
MicrosoftInternetExplorer4
Престижната Нобелова
награда за мир за 2008 отиде кај поранешниот фински претседател Марти Ахтисари
за неговата работа на преговарање мирољубиви
решенија на судири од
Намибија до Косово.
Норвешката Нобелова комисија кажа дека
напорите на господинот Ахтисари во текот на повеќе од 30 години придонеле за помирен свет.
Комисијата вели дека 71-годишниот Ахтисари одиграл значајна улога во воспоставувањето на независноста на Намибија
во 1990. За норвешки медиуми тој денес изјави дека неговите напори во јужноафриканската држава ја смета за свој најважен труд.
Негов најнов напор е планот за Косово да добие независност под меѓународен надзор, план што сега се имплементира.