Линкови за пристапност

Поради финансиската криза – по грешка исфрлени на улица 


Финансиската криза во САД негативно се рефлектира на локално ниво – некои Американци се жалат дека по грешка се исфрлени на улица.

Шерифот Том Дарт од Полициската станица во областа Кук во Чикаго вели дека кризата во индустријата на домување предизвикува сериозни неправди и дека тој се обидува да ги спречи.

Некои сопственици на стамбени комплекси и поединечни домови поради неплаќање на кредитите ги губат своите имоти и тие запаѓаат во сопственост на банките што ги дале кредитите. Шерифот Дарт според законот е задолжен за исфрлање на станарите од таквите имоти. Но, тој вели дека во некои случаи таму живеат кираџии кои редовно ја плаќаат киријата на сопствениците на имотите и кои не сториле ништо лошо. Па сепак, завршиле со покуќнината – на улица, и тоа без никакво предупредување.

Шерифот Дарт вели дека ќе продолжи со исфрлање само откако банките ќе утврдат кој живее во имотите – сопственикот кој не го плаќал кредитот, или пак кираџија. Законот налаг кираџиите да добијат навремено известување за иселување пред да бидат сосила исфрлени.

Според медиумските извештаи, еден на секои 400 дома е во фаза да западне во сопственост на банките поради тоа што сопственикот не е во можност да го исплаќа кредитот, или пак да земе нов.

XS
SM
MD
LG