Линкови за пристапност

Американската влада размислува дали да купи банкарски акции


Портпаролката на Белата куќа Дејна Перино вели дека владата размислува дали да купи акции во некои од американските банки, за да ја смири нервозата на финансиските пазари. Таа потврди дека САД разгледуваат таков план. Тоа директно би внело извесна количина на готови пари во банкарскиот систем на земјата, а целта е да ги охрабри банките одново да почнат да даваат заеми.

Директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Доминик Страс-Кан оцени дека светот е на раб на глобална рецесија, но предвидува дека економијата ќе започне да се опоравува кон

крајот на 2009-та. Страс-Кан кажа и дека земјите мора да спроведат заедничка акција за да избегнат глобална рецесија, како и дека не постои „домашно решение“ за кризата. Тој смета дека овонеделните координирани кратења на каматните стапки ширум светот се добар пример за меѓународна соработка потребна за обнова на разнишаната економија.

Страс-Кан информираше дека ММФ активирал вонредна програма што овозможува Фондот побрзо и полесно да дава заеми на земјите во развој кои имаат економски проблеми.



XS
SM
MD
LG