Линкови за пристапност

Гејтс:  САД силно ја поддржуваат Македонија во нејзините евро-атлантски интеграции


„За Република Македонија има само еден пат кон НАТО. САД силно ја поддржуваат Македонија во нејзините евро-атлански интеграции“, изјави денеска во Охрид американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс на јубилејниот десетти годишен состанок на министрите за одбрана на земјите од Југоисточна Европа.

Гејтс на прес-конференцијата во рамки на средбата кажа дека тоа што Македонија не доби покана за прием на Самитот на НАТО во Букурешт било „најголемо разочарување, за сите нас“. Првиот човек на Пентагон побара Република Македонија и Грција итно да најдат решение за разликите околу името и коментираше дека тоа е во најдобар интерес за обете страни. Гејтс и` се заблагодари на Република Македонија и на другите земји-членки во процесот на соработка во полето на одбраната во Југоисточна Европа за учеството во мировните мисии.

Премиерот на Република Македонија Никола Груевски посочи дека Македонија останува длабоко посветена на вредностите на регионалната стабилност и е максимално посветена да ја сподели својата одговорност со останатите земји членки на НАТО и ЕУ.

Министрите за одбрана на регионот донесоа заеднички заклучок со кој се обврзуваат дека и понатаму ќе работат на заживување на регионалната стабилност и мирот.

XS
SM
MD
LG