Линкови за пристапност

Василакис против двојната формула, Димитров очекува„конкретен чекор“ од Нимиц

  • Глас македонски

Посредникот во македонско-грчките преговори за разликите околу името Метју Нимиц во својата адвокатска канцеларија во Њујорк одржа одвоени средби со грчкиот преговарач Адамантиос Василакис, а потоа и со македонскиот, Никола Димитров и шефот на Кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протуѓер.

На прашање дали е задоволен од разговорот, Василакис по едночасовната средба изјави дека се` уште е рано за конкретни оценки, како и дека не очекува ништо ново од утрешната заедничка средба. На посредникот Нимиц му најавил дека ако другата страна инсистира на двојната формула, евентуалниот нов предлог ќе биде мртов.

Димитров очекува Нимиц утре да направи „конкретен чекор“:

- Од наша страна беше направено се` да се зајакнат македонските позиции во овој процес и да се заштитат интересите на државата и на нацијата. Во рамки на овој контекст и на она што е можно, беше направено се`. Очекуваме утре да има кратка заедничка средба и најверојатно ќе има извесен конкретен чекор од страна на посредникот Нимиц, рече Димитров по одвоената средба со претставникот на ОН задолжен за преговорите.

За утре е најавена и заедничка прес-конференција на Нимиц, Димитров и Василакис во седиштето на ОН.

XS
SM
MD
LG