Линкови за пристапност

Американските претседателски кандидати пред  втора дебата


Џон Мекејн вечерва има шанса да ја избрише предноста на ривалот Барак Обама, според истражувањата на јавно мислење, за време на втората од трите телевизиски пренесувани дебати.

Со изборите за само четири недели, анкетите покажуваат дека економската криза му помогнала на сенаторот Обама да го зголеми водството пред сенаторот Мекејн.

Вечерашнава дебата, што ќе се одржи во Нешвил, Тенеси, може за кампањата на Мекејн да биде една од последните шанси да обезбеди водство.

Дебатата ќе се однесува на меѓународни и домашни теми, но финансиските прашања се очекува да доминираат во дискусијата.

Во Охајо, држава на средниот запад на САД, критична за добивање на Белата Куќа, анкетираните на Обама му дадоа поголеми оценки за односот кон економијата. Истражувањето на Вашингтон Пост и ЕјБиСи Њуз сугерира предност на Обама со 51 спрема 45 отсто.

Според истражување на СиЕнЕн предноста на Обама е 53 спрема 45, што двојно поголемо од септември. Но други национални истражувања, Ројтерс, Зогби и Си-спен покажуваат предност на Обама за само три процентни поени.




XS
SM
MD
LG