И покрај инфузијата од 700 милијарди долари одобрена од американските
законодавци, кредитната криза продолжи да се шири низ светот. Конгресот се обидува да дојде до причините за кризата.
И покрај надежите
дека интервенцијата на владата
ќе спречи друг финансиски распад,
индексите на пазарите на хартии од
вредност драстично паднаа низ светот.
Аналитичарот Реј Карбон од Парамаунт
Опшнс, вели дека постои страв оти
кредитните проблеми ги минуваат границите на САД: "Финансиската криза
што започна во САД сега оди во евро
зоната и веројатно ќе го најде патот до
пазарите во Кина Индија и Блискиот исток".
На Вол Стрит нервозните инвеститори го спуштија индустрискиот индекс Дау Џонс под 10-илјади поени за прв пат во 4 години.
Во Тексас, Претседателот Буш вчера апелираше за трпение:
"Ќе биде потребно време да се
обнови довербата во финансискиот
систем, но едно е сигурно – законот што
го потпишав е чекор во вистинска
насока", кажа тој.
На Капитол Хил, законодавците ги
повикаа првите луѓе на најголемите
финансиски институции.
Конгресменот Хенри Ваксман кој претседава со Комисијата за надзор, го прекори Ричард Фулд од Лиман Брадерс за давање
милиони долари на
директорите кои заминале од компани
кои бараат владина помош.
Само Фулд наводно заработил 480 милиони долари во компензации од 2000 наваму.
"Се чини дека системот бил добар за вас но не за државата и сега граѓаните од џеб плаќаат 700 милијарди долари за спасување на економијата", рече Ваксман на распитот.
Фулд ги бранеше своите
постапки: „Според информациите што ги
имавме во тоа време верувам дека акциите беа
соодветни. Никој од нас не може да го врати часовникот, но да
можев, дали би постапил поинаку? – Да“,
кажа тој.
Владата дозволи Лиман Бродерс
да падне, за само наредниот ден, да го
спаси осигурителниот гигант ЕјАјЏи.