Линкови за пристапност

Разговори за името во Њујорк:  неофицијални најави за конечен предлог


Денес и утре во Њујорк продолжуваат разговорите за разликите околу името меѓу Македонија и Грција. За утре е најавена заедничка прес-конференција во седиштето на ОН.

Македонскиот преговарач Никола Димитров и шефот на Кабинетот на премиерот Никола Груевски, Мартин Протуѓер, заминаа за Њујорк со неусогласени позиции на државниот и политички врв. Лидерите на партиите во Македонија во поширок состав не договорија заеднички став. Премиерот Груевски инсистираше македонската позиција пред посредникот на ОН Метју Нимиц да биде двојната формула.

„За жал, и премиерот, а подоцна и неговите коалициони партнери, инсистираа на останување на двојната формула како позиција, што е во апсолутна контрадикција со евентуалното активно учество во разговорите“, изјави македонскиот претседател Бранко Црвенковски.

Според тврдењеа на грчки медиуми, пренесени и во македонските, се очекува посредникот Нимиц до преговарачите Димитров и Адамантиос Василакис да го достави конечниот предлог за решавање на спорот за името, што најверојатно ќе се базира на името Северна Македонија. Грчки дипломати, пак, сметаат дека новиот предлог ќе биде близок до позицијата на Атина, но дека нема целосно да ги исполни нејзините желби во врска со опфатот на употреба на името и за пасошите.

XS
SM
MD
LG