Во рамки на годишниот состанок на министрите за одбрана на 12 земји од Југоисточна Европа и САД, секретарот Роберт Гејтс ќе има заедничка средба со претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и министерот за одбрана Зоран Коњановски.
Средбата се одржува во хотелот „Инекс" во Охрид и е во
организација на Mинистерството за одбрана на Македонија. Разговорите се очекува
да бидат фокусирани на билатерални и регионални прашања.
Портпаролот на
Македонската Армија, Мирче
Ѓорѓиоски, вели дека меѓу главните теми на годишниот состанок ќе биде можното
распоредување на бригада за мировни операции, како и за можното проширување на мултинационалните мировни сили на
Југоисточна Европа со нови членки.
На состанокот е најавено присуството и на
командантот на јужното крило на НАТО со седиште во Неапол Марк Фицџералд,
Командантот на бригадата на Југоистошна Европа Вирџил Балацеано, италијанскиот
државен потсекретар Џузепе Косига и грчкиот министер за одбрана Евангелос
Меимаракис.
На крајот на состанокот ќе биде усвоена резолуција.
Премиерот на Република
Македонија, Никола Груевски, утре ќе го открие и спомен обележјето по повод
десетгодишнината од договорот за заедничко здружување.
Ова е десета ваква средба што секоја
година се одржува по потпишувањето на договорот за
Мултинационалните мировни сили на Југоисточна Европа во 1999 кога е формирана
бригададата на Југоисточна Европа. Македонските војници се ангажирани во
бригадата од самиот почеток.