Обидите на светски лидери да го стават под контрола падот на акциите не успеаа и некои инвеститори веќе овој ден го нарекуваат „Црн понеделник“.
Поголемите европски акции загубија најмногу до сега од вредноста за еден ден, додека водечкиот јапонски индекс падна на најниско ниво за четири години.
Водечкиот руски пазар на акции привремено го прекина тргувањето откако намалувањето на вредноста достигна повеќе од 15 проценти.
Американските федерални резерви денес објавија дека ќе бидат преземени дополнителни чекори во напор да го направи полесно давањето заеми за банките.
Инвеститорите со недели се загрижени дека владината помош од 700 милијарди долари што во петокот беше одобрена нема да биде доволна за надминување на глобалната економска криза.