Американскиот демократски претседателски кандидат
Барак Обама го отфрли нападот на Републиканците дека бил пријателски
настроен спрема терористи, во време на
интензивирани кампањски напади на еден
месед пред денот на изборите.
Кампањата
на Обама пушти во оптек спот на
Интернет доцна во неделата за финансиски скандал од 1980те во кој бил инволвиран Џон Мекејн.
Сенаторот Мекејн бил дел од група на законодавци кои биле познати како Китинг
Фајв, кои интервенирале со регулаторите во интерес на Чарлс
Китинг, првиот човек на институција
за зашеми и заштеди што пропаднала кон крајот на 1980те. Китинг подоцна бил обвинет за проневера.
Кампањата на Обама одговори на претходен
напад од републиканскиот потпретседателски кандидат Сара Пејлин. Таа
го обвини сенаторот Обама
во саботата за дружење со
терористи.
Пејлин, гувернер од Аљаска нападот го лансираше во вид на новински
напис за односот на Обама
со антивоениот радикал од 1960те
Вилијам Ајерс, основач на
насилничка група која била приотив Виетнамската војна.
Ајерс, сега универзитетски професор од сојузната
држава Илиноис, пред 40 години помогнал во формирањето на Ведер Андерграунд.
Групата презеде одговорност за напади врз згради на американската влада.
Во 1990-та, Обама и Ајерс, заедно беа дел од
проектот за училиштата во Чикаго и дел од добротворен борд. Демократскиот
сенатор се огради од радикалните активности на Ајерс.