Тројца европски научници се носители на годишната
Нобелова награда за медицина за нивните откритија за различни вируси кои
предизвикуваат сида и рак на матката.
Нобеловата комисија во Стокхолм им одаде признание
на Франсоа Бари Синоси и Лук Монтагнер од Франција за нивните откритија на
почетокот од 1980-тите за вирусот Хив кој предизвикува сида, болест која го
уништува имунолошкиот систем.
Германскиот истражувач Хералд зур Хаусен
беше награден за откривање на вирусот кој предизвикува рак на матката – втор
најчест вид на рак кај жените.
Хаусен ќе добие половина од близу 1,5 милиони
долари, а останатиот дел од паричната награда ќе ја поделат Бари Синоси и Лук
Монтангнер.
Неделава ќе бидат објавени имињата на уште пет
добитници на Нобеловата награда, додека годинешниот лауерат за престижното
мировно признание ќе биде обелоденет во петок.