Линкови за пристапност

Американскиот Конгрес го  одобри  владиниот план за  спасување на  финансискиот сектор


Претставничкиот дом даде зелено светло за историскиот и контроверзен план на владата да потроши 700 милијарди долари за спасување на финансиската индустрија на САД.

Мерката беше усвоена со 263 спрема 171 глас.

Порано неделава Сенатот го одобри планот и документот оди во Белата Куќа, за пшретседателот Буш да го стави потписот на него со што ќе стане закон.

Планот и дозволува на владата да ги купи лошите инвестиции од проблематичните финансиски компании во обид повторно да ја воспостави довербата на кредиторите и инвеститорите, како и да го рестартира кредитниот и економскиот растеж.

XS
SM
MD
LG