Дебатата, што ќе се одржи во Сент Луис, Мисури, се очекува да се фокусира на економската криза. Но, Пејлин, која е релативно нова на националната сцена, исто така се очекува внимателно да биде следена.
Пејлин, изборот на републиканскиот претседателски кандидат, сенаторот Џон Мекејн, внесе енергија меѓу партиските конзервативци, но критичарите се прашуваат дали таа има доволно искуство.
Мекејн, во денешно интервју за СиЕнЕн изрази верба во нејзиното „искуство, талент и лидерство“.
Пејлин се соочува со искусниот сенатор Бајден, но овој законодавец е познат по вербални
гафови.
Демократскиот
претседателски кандидат, сенаторот
Барак Обама, денес кажа дека
верува оти Бајден ќе биде „прилично добар“.
Обама и Мекејн ја имаа нивната прва дебата минатата недела и ќе одржат уште две месецов.