Линкови за пристапност

Сенатот ја усвои мерката за санација на финансискиот сектор, расправата се сели во Претставничкиот дом


Сенатот во средата навечер со големо мнозинство го одобри пакетот што ќе чини 700 милијарди долари.Обата претседателски кандидати, демократот Барак Обама и републиканецот Џон Мекејн гласаа „за“.

Со мерката на владата и` е овозможено да купува лоши хипотекарни инвестиции од финансиските институции.Поддржувачите велат дека тоа ќе го врати финансиското здравје на банките и инвестиционите компании и ќе ги охрабри банките да продолжат да даваат кредити.Тоа за возврат би ја олеснило напнатата ситуација во кредитниот сектор што се заканува да ја запре економијата.

Претставничкиот дом во понеделникот ја отфрли првичната верзија на пакетот, што предизвика стрмоглав пад на американските берзи.Претседателот Џорџ Буш смета дека мерката е „од клучно значење за финансиската безбедност на секој Американец“.

XS
SM
MD
LG