Линкови за пристапност

ТВ-дуелите на претседателските кандидати – магнет за публиката во САД


Гласачите веќе со месеци во изборната кампањата слушаат слогани и пораки. Но, ТВ-дуелите се можност да добијат подетална информација за ставовите на кандидатите по одредени прашања. Од друга страна, кандидатите добиваат шанса да ги придобијат се` уште неопределените гласачи.

Демократот Барак Обама и републиканецот Џон Мекејн веќе еднаш се соочија пред камерите, а тоа ќе го направат во уште два наврата на 7-ми и 15-ти октомври. Нивните кандидати за потпретседатели – Џо Бајден и Сара Пејлин ќе излезат на мегдан само еднаш на 2-ри октомври.
Првата дебата меѓу Обама и Мекејн беше на тема надворешна политика. Наредниот дуел е замислен како средба со граѓани, на која токму тие ќе поставуваат прашања, а последната - како и првата - со модератор, но овојпат посветена на домашни политички прашања.

ТВ-дуелите се редовен дел од претседателските избори уште од 1976-та. Но, се` започна во 1960-та, кога за влез во Белата куќа се бореа тогаш демократскиот сенатор Џон Кенеди и републиканскиот потпретседател Ричард Никсон:

- Во 1960-та, анкетите покажаа дека граѓаните кои ги слушале Кенеди и Никсон на радио, сметале дека Никсон ќе победи. За оние кои гледале телевизија, Кенеди бил поуверлив, бидејќи сметале дека имал подобар настап на ТВ, вели професорот од Универзитетот Џон Хопкинс, Бен Гинсбург.

Еден кандидат кој успешно ја искористи ТВ-дебатата беше републиканецот Роналд Реган. Во 1980-та постави прашање, што, според многумина, му помогна да го победи демократскиот кандидат Џими Картер:

- Мислам дека кога носите одлука за кого ќе гласате, можеби треба да се запрашате: дали живеете подобро денес, отколку пред четири години?

Со зголеменото влијание на телевизијата, дебатите станаа место каде обете кандидати може или да употребат, или да соберат муниција.

- Секој кандидат се обидува да обезбеди „тонско парче" од дебатата, што потоа постојано ќе се емитува во медиумите,
смета професорот на Американскиот Универзитет во Вашингтон Кандис Нелсон.

Тоа особено е така ако противникот има лош настап пред камерите

XS
SM
MD
LG