Измените во планот наводно вклучуваат владина
гаранција за износот на штедниот влог во банките да се покачи од 100 на 250
илјади долари, како и даночни олеснувања за поединци и бизниси. Првите лица на демократите и републиканците
очекуваат натпартиска поддршка за пакетот.
Претседателските кандидати Џон Мекејн и Барак Обама денес ќе ја напуштат
предизборната кампања и ќе се вратат во Вашингтон за да учествуваат во
гласањето. Обајцата ги повикаа
колегите-сенатори да ја поддржат мерката.
Претседателот Џорџ Буш во вторникот предупреди
дека економската штета ќе биде „болна и трајна“ доколку Конгресот не даде
зелено светло за пакетот.
Ревизијата на планот беше извршена со цел тој да ја добие поддршката и на демократските, и на републиканските пратеници во Претставничкиот дом кои првично гласаа против.
Некои не беа за тоа со пари од даночните обврзници да се купуваат лоши инвестиции од финансиските компании, како и владата да има зголемена контрола над бизнисот во финансискиот сектор. Други беа против бидејќи сметаат дека планот им овозможува на богатите инвеститори да најдат излез од ситуацијата на сметка на даночните обврзници.