Линкови за пристапност

Сенатот гласа по ревидиран предлог


Планот се очекува да вклучи одредба за зголемување на лимитот на владиното осигурување за банкарските депозити од сегашната цифра – 100 илјади долари, на 250 илјади долари. Планот исто така вклучува голем број на даночни олеснувања за поединци и бизниси, вклучувајќи и даночни кредити за производство и употреба на алтернативни енергетски извори , меѓу кои соларна енергија и енергија добиена од ветер.

Лидерите на Демократите и Републиканците во сенатот Хари Рид и Мич МекКонел велат дека планот ќе добие поддршка од законодавците на обете партии.

Двајцата претседателски кандидати, Џон Мекејн и Барак Обама ќе се вратат во Вашингтон да гласаат по мерката заедно со сенаторот Џо Бајден , избраникот на Обама за потпретседателски кандидат.

И Мекејн и Обама ја поддржуваат провизијата за кревање на лимитот на осигурувањето на депозитите.

Претседателот Џорџ Буш предупреди дека економската штета ќе биде болна и долготрајна доколку планот не биде усвоен. Тој рече дека државата е во вонредна ситуација и последиците стануваат се полоши со секој ден на непреземање акција.

XS
SM
MD
LG