Линкови за пристапност

Планот за  спасување на финансиската индустрија  не  мина во Претставничкиот дом


Претставниците во Конгресот гласаа со 228 спрема 205 гласови против планот од 700 милијарди долари и покрај повиците од претседателот и конгресните лидери да ја одобрат мерката, зашто во спротивно ризикуваат САД да бидат втурнати во економски неред.

Американските стокови индекси паднаа со ширењето на веста за резултатот од гласањето.

Гласањето уследи по многу часови дебата за предлогот за кој многумина кажаа дека би биле среќни да не морале да го разгледуваат.

Лидерот на Демократите во Претставничкиот дом, конгресменот Стени Хојер, кажа дека доколку легислативата пропадне, тоа ќе значи дека ќе има финансиски колапс и „ниеден град во Америка нема да остане недопрен".

Планот требаше да му дозволи на американскиот Оддел за финансии да потроши до 700 милијарди долари за купување на лоши инвестиции од финансиските фирми. Тие лоши инвестиции ги направија банките неволни да даваат кредити на бизнисите и потрошувачите.



XS
SM
MD
LG