Во телевизиска изјава претседателот кажа дека сеуште има несогласувања кои треба да бидат надминати. Но тој рече дека нема несогласување околу тоа дека нешто крупно треба да биде сторено.
Бушовата администрација составила пакет од 700 милијарди долари за враќање на доветрбата на инвеститорите и кредиторите, со што економијата би требало да почне повторно да расте.
Напредокот по планот за спасување запре откако републиканците во
Претставничкиот дом се
побунија против предлогот.
Разговорите меѓу администрацијата
и конгресните преговарачи беа прекинати
доцна синоќа без постигнување на договор, а
треба да продолжат денеска.
Прекинот се случи откако претседателот Буш дискутираше за планот со
конгресните лидери и двајцата
претседателски кандидати, Барак Обама и
Џон Мекејн.
Новинските агенции велат дека страстите
се засилиле кога лидерот на републиканците во Претставничкиот дом Џон Бејнар кажал дека нема да го поддржи дилот, зашто тој во суштина значи дека владата ја презема
контролата на приватни финансиски компании. Демократските законодавци, пак, го обвинуваат Мекејн, заради тоа што внел
претседателска политика во разговорите.
Сенаторот
Обама рече дека ќе има договор но дека
преферира директни разговори со
луѓето наместо прилики за сликање.
Конгресните лидери претходно во
четвртокот кажаа дека постигнале
фунндаментален договор, но подоцна
негираа дека има каков и да е договор.
Планот за спасување ќе и дозволи на
владата да купува девалвирани средства
од финансиски фирми кои влегле
во тешкотии. Тие лоши инвестиции ги
прават банките неволни да позајмуваат пари, а
недостигот на кредит го затвора
кругот со заканата за застој во економијата.