Линкови за пристапност

Конгресот пред спогодба за владиниот пакет мерки за стабилизирање на финансискиот сектор


Клучните конгресни претставници велат дека постигнале начелна спогодба за обемниот владин пакет за спас на финансискиот сектор.

Претседавачот на Сенатската комисија за банкарство, демократот Крис Дод смета дека Конгресот би можел да ја усвои мерката во наредните неколку дена. Претседавачот на Претставничката комисија за финансии, демократот Барни Френк кажа дека пратеници од обете партии се согласиле за пакетот тежок 700 милијарди долари да се плаќа во рати, да се постават ограничувања за компензација на извршните директори на пропадантите компании, како и да се воведат цврсти мерки на контрола врз реализацијата на пакетот. Па сепак, водачот на републиканското малцинство во Претставничкиот дом, Џон Бонер, вели дека не е донесена конечна одлука.

Претседателот Буш по повод финансиската ситуација во земјата во Белата куќа се сретна со претседателските кандидати – републикенцот Џон Мекејн и демократот Барак Обама.

Во вторникот, во ТВ-обраќање до нацијата во живо, Буш побара Конгресот да даде зелено светло за пактот, предупредувајќи дека американската економија се соочува со "долга и макотрпна" рецесија доколку Конгресот не презеде итна акција.

- Со тоа што ситуацијата станува се` понесигурна, јас бев доведен пред избор: да настапам со драматична владина акција или да останам настрана и да дозволам неодговорните постапки на некои лица да ја поткопаат финансиската безбедноста на сите нас, рече Буш, објаснувајќи ја ургентноста.

Претседателот го уважи гневот на Американците, но подвлече дека без пакетот, безите би паднале уште подоле, цената на домови би скокнала, многу домови би западнале под хипотека, би пропаднале бизниси и милиони Американци би останале без работа.

Планот предвидува владата да ја купува девалвираната актива од финансиските компании кои имаат проблеми. Лошите инвестиции на тие компании доведоа до тоа банките да се двоумат дали да даваат кредити, а тоа, пак се заканува да ја запре економијата.

Претседателските кандидати – демокртатот Барак Обама и републиканецот Џон Мекејн во вторникот издадоа заедничко соопштение во кое велат дека планот има пропусти, но дека без оглед на тоа, не смее да пропадне обидот за заштитување на економијата. Мекејн појде чекор поддалеку – ја прекина изборната кампања и побара да се откаже дебатата со Обама овој петок.

- Мора да се среќаваме како Американци, а не како демократи и републиканци, се` додека не се реши кризата, рече Мекејн.

Мекејн изјави и дека американската финансиска криза носи сериозни импликации и консеквенци не само за САД, туку и за другите земји.

Обама е согласен дека ова не е проблем на партиите, но смета дека дебатата треба да продолжи:

- Токму сега Американците треба да чујат од човекот кој за 40-тина дена ќе ја преземе одговорноста да се справи со овој хаос.

Обама го става акцентот на тоа планот за спас на финасискиот сектор истовремено да не биде и можност за спас на извршните директори на некои од компаниите на Вол Стрит, бидејќи, како што рече, тие и ја доведоа земјата во оваа ситуација.

XS
SM
MD
LG