Линкови за пристапност

Промоција на проектот млади лидери од Балканот


Во рамки на студиското патување во Вашингтон со цел промовирање на младите лидери од Балканот – со посебен акцент на Македонија, Косово, Албанија и Црна Гора, а организиран од националниот албанско – американски совет, разговаравме со двајца македонски учесници: Еве ги нивните искуства:

Престојот во главниот град на САД е огромно искуство за нас поради бројните средби со официјални американски лица во Стејт департментот, Светската банка, конгресмени, сенатори - велат Зоран Нечев, вработен во секретаријатот за европски прашања при Владата на Република Македонија и Милица Миткова, од општината Кавадарци, како дел од секторот за финансии.

Увидовме и бевме запознаени за работи кој ќе ни помогнат во извршување на нивните задачи на работните места, вели Миткова:

„Бев во општината Вашингтон и Александрија сити. Таму видов како конкретно функционира системот со кој граѓаните добиваат податок колку изнесува данокот кој треба да го платат и во самата општина постои систем за наплата. Имав можност конкретно да увидам како изгледа таа техничко-технолошка база на податоци, комјутерски евидентирана, а за разлика во Македонија, тоа е се ставено на хартија.

Од соговорниците, најголем интерес бил пројавен во полето на надворешната политика на Македонија, односно кои чекори се преземаат за решавање на разликите со името, изјави Нечев:

„Имаме целосна поддршка од американската влада и Конгресот. Тие гледаат на боло кој начин да ни помогнат. Според нив, јасна е сликата дека признавањето на Република Македонија под уставното име нема да се промени, независно дали иден претседател на САД ќе биде сенаторот Џон Мекејн или Барак Обама.“


Претстојот на младите лидери од Балканот во Вашингтон е финансиран од американската агенција за меѓународен развој – УСАИД.

XS
SM
MD
LG