Линкови за пристапност

Милошоски и Фрид:   Спорот за името може да се реши само со компромис од двете страни


Деновиве Њујорк е центар на светот, со најголема концентрација на светски лидери на Менхетен. Покрај генералното собрание на ОН, се одржува и иницијативата на поранешниот претседател Бил Клинтон, фокусирана на глобални каузи, но за разлика од ОН привлекува и поранешни политичари и славни личности од светот на бизнисот и забавувачката индустрија.

Македонската делегација во Њујорк како и сите други работи на својата агенда. На претседателот Бранко Црвенковски му претстои важна средба со посредникот Метју Нимиц, а веднаш потоа, во - за новинарите непристапниот - хотел Валдорф Асторија ќе има средба со помошникот државен секретар за европски прашања во Стејт департментот, Даниел Фрид, со кого, претходно се сретна министерот за надворешни работи Антонио Милошоски.

Според макеоднски владини извори, се разговарало за името и за признавањето на Косово. Милошоски кажал дека Грција го отежнува решавањето на проблемот со опструкција на преговорите со поставување нови барања кои ги прошируваат и забавуваат преговорите. Милошоски и Фрид оцениле дека спорот може да се реши само со компромис.

XS
SM
MD
LG