Линкови за пристапност

Рикер:  Среќен сум што се враќам во Македонија


Непосредно пред заминувањето на новата функција - амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Филип Рикер за Гласот на Америка на македонски изјави:

„Среќен сум што се враќам во Македонија. Почестен сум што ќе бидам петтиот амбасадор на САД во Македонија. Особено ме прави среќен можноста повторно да се видам со старите пријатели, но и да запознам нови, да работам со нашиот тим во амбасадата и со македонските партнери. Денес патувам за Брисел, каде во вторник и среда ќе имам средби со претставници од НАТО и од ЕУ. Во четврток со мојата сопруга ќе пристигнеме во Скопје. Голема чест ми е да му ги предадам моите акредитиви на претседателот Црвековски.“

XS
SM
MD
LG