Линкови за пристапност

Американската влада изложи план за консолидирање на финансискиот сектор


Секретарот за финансии Хенри Паулсон вели дека владата мора да преземе натамошни смели чекори за да ја разреши тековната финансиска криза. Според Паулсон, проблемот лежи во милионите кредити за домување што се плаќаат со задоцнување или за кои поради неисплаќање е поништено правото на ослободување од хипотека.

Паулсон најави широка програма за откупување на пропаднатите хартии од вредност базирани на кредити за домување и рече дека тоа ќе чини стотици милијарди долари. Тоа е голема цена, коментираше секретарот за финансии, но сепак поевтино отколку да се дозволи запирање на финансискиот систем.

Кога сопствениците на домови не ги исплаќаат кредитите, тоа нанесува штета на кредиторите и инвестициите базирани на кредити за домување. Неизвесноста на таквите инвестиции причинува банките да се двоумат дали да продолжат да нудат кредити, а тоа се заканува да го запре економскиот систем.

Паулсон најави дека ќе соработува со клучните претставници на Конгресот во изработка на еден сепфатен план за излез од кризата.

Американскиот претседател Џорџ Буш оцени дека се работи за пресвртен момент и време лидерите да минат преку партиските линии за да се справат со ситуацијата. Американската економија е соочена со проблем без преседан, и презема несекојдневни мерки за да го разреши, рече Буш.

Пазарите на акциии бележат подем по веста дека американската влада формулира план за спас на банките од колапс во финансиската криза што ја потресува земјата. Инвеститорите беа охрабрени и од потегот на регулаторите на финансиските пазари да ги заштитат акциите од продавање набрзина. Владата даде дополнителни гаранции за инвестициите со широка сопственост, наречени „заеднички парични фондови“.

XS
SM
MD
LG