Според Светската здравствена организација, секоја година стотици милиони луѓе имаат проблеми со инаку превентабилни хронични респираторни состојби. Едно од најчестите е алергијата од поленов прав. Научниците сметаат дека климатските промени се фактор повеќе за влошување на состојбата.
Артемисифолиа, или како што ние ја знаеме – амброзијата – при цветањето испушта полен што причинува голем број луѓе се чувствуваат мизерно. Тие патат од алергија на поленов прав. Очите и грлото се иритирани, носот им тече и тешко дишат.
Во септемвриското издание на Журналот за алергија и клиничка имунологија, неколку студии сугерираат дека климатските промени се причината за зголемено виреење на билките, а со тоа и зголемениот број на случаи на астма и алергии.
- Со зголемувањето на јаглерод-диоксидот во атмосферата и растењето на температурата, амброзијата покажува силна реакција на тие промени, вели доктор Луис Зиска е од Американскиот владин Оддел за земјоделие.
Алергологот Клиф Басет од Њујорк вели дека се` повеќе луѓе бараат помош:
- Имеме епидемичен број на нови пациенти, деца и возрасни со алергии.
Светската здравствена организација наведува дека 300 милиони возрасни и деца страдаат од астма - хронично воспаление на дишните патишта.Амброзијата не е единствениот виновник. На листата се издувните гасови од сообраќајот и индустријата, како и тутунот. Во болниците од Атланта, Лос Анѓелес и Мексико Сити велат дека примаат се поголем број на деца на кои им е потребна итна помош поради сериозен вид на астма.