Американската владина интервенција во Американ
Интернешенал Груп (АИГ) - најголемата осигурителна компанија на светот - не
придонесе многу да се смири нервозата меѓу инвеститорите и на берзите поради
проблемите во американскиот финансиски сектор.
Банките и натаму се двоумат дали да даваат заеми.
Без оглед што владата на претседателот Буш доцна навечер
вторникот реши да даде заем од 85 милијарди долари на АИГ, главните американски
берзански индекси вчера забележаа нагол пад – за преку три проценти. Европските индекси исто имаа надолна линија,
а азиските беа со мешани резултати, и покрај тоа што азиските централни банки
извршија прилив на повеќе пари на финансиските пазари, со цел да помогнат да се
стабилизира ситуацијата.
Американската централна банка го одобри заемот за
АИГ со образложение дека „хаотичниот колапс“ на компанијата би предизвикал
дополнителен немир на веќе растресените финансиски пазари. Компанијата има 24 месеци за отплата на
долгот. Во замена за заемот,
американската влада ќе биде сопственик на речиси 80 проценти на недвижнините на
АИГ. Вредноста на акциите на АИГ во текот
на минатата година опадна за 98 проценти.
Аналитичарот од доменот на осигурувањето Клиф Галант
коментира дека проблемите на АИГ започнале со кредитите за домување за кои
компанијата давала покритие:
- Тоа беше еден голем рискантен влог. Колапсот на пазарот на домување започна
спирала што причини влогот да испадне погрешен.
Проблемот со АИГ не е единствениот што го потресе
американскиот финансиски сектор.
Претходно неделава, банкротираше една ог главните инвестициони банки во
САД, Леман Брадерс.