Линкови за пристапност

Централните банки ширум светот интервенираат за да спречат продлабочување на глобалната економска криза


Инвеститорите се загрижени и дека најголемата осигурителна компанија во светот, Американ Интернешенал Груп – АИГ е на прагот на колапс. Компанијата има проблеми да собере доволно пари во готово за да остане во работа. Како и многу други инвестициони банки, АИГ беше тешко погодена од кризата на пазарот на домување.

Главните индекси на европските берзи денес забележаа остар пад. Главните пазари во Јапонија и Хонг Конг паднаа за пет проценти на крајот на денешното тргување. Руските власти го прекинаа тргувањето на својата главна размена на акции откако цените паднаа за преку 10 проценти.

Централните банки во Европа, Азија и САД во меѓувреме приливаат милиони долари во финансиските пазари за да го олеснат нивното функционирање.

XS
SM
MD
LG