Линкови за пристапност

Спасувачи им помагаат на илјадници затекнати од Ајк


Спасувачки екипи во американската сојузна држава Тексас се` уште трагаат по лица затекнати од ураганот Ајк што удри во саботата, предизвикувајќи големи поплави и прекин на електрична енергија во милиони домови.

Властите велат дека спасиле околу две илјади лица кои не се одзвале на наредбата за евакуација и наведуваат дека околу илјадници други најверојатно имаат проблеми бидејќи не ги напуштиле своите домови. Според Асошиетед прес, невремето однело најмалку 32 човечки животи, движејќи се низ вкупно девет сојузни држави. Според официјални лица, ќе бидат потребни недели, а можеби и месеци целосно да се обнови доставата на електрична енергија и други услуги. Властите ги повикаа евакуаираните засега да не се враќаат во погоденото тексашко крајбрежје.

Претседателот Џорџ Буш предочи дека може да дојде до покачување на цената на горивата со оглед на тоа што неколку рафинерии во регионот се` уште се затворени. Тој денес ќе го посети Тексас, од прва рака да се запознае со ситуацијата.

XS
SM
MD
LG