Линкови за пристапност

Големи потреси во американски финансиски компании


Во забрзаното тргување, индексите на некои главни европски акции паднаа и за по 5 проценти, а некои американски за околу 3.

Леман Брадерс - на времето четврта најголема инвестициона банка во САД - денес објави банкрот откако претходно пропаднаа обидите да добие потребна готовина. Веста дојде во исто време кога најголемата осигурителна компанија во САД, Американ интернешенал груп, наводно побарала заем од Американската централна банка. Банката Бенк оф Америка, пак, ја купи американската инвестициона и брокерска компанија Мерил Линч за околу 50 милијарди долари.

Леман Брдаерс и Мерил Линч имаа проблеми поради лоши инвестиции во хартии со вредност од хипотеки и други проблеми.

XS
SM
MD
LG